Ноќ за историја на Џејмс Харден! (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најдобриот кошаркар на Хјустон Рокетс и еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, Џејмс Харден имаше одлична вечер против Орландо. Неговиот тим победи со 114:107, а Харден постигна 60 поени со трипл-дабл.

Иако беше аутсајдер во овој дуел, Орланд добро се држеше во текот на целиот натпревар, а два пати имаше и предност.

Популарниот Харден постигна 60 поени, 10 скокови и 11 асистенции и тоа е најголем број на поени, кој еден играч ги имал во историјата на натпревар со трипл-дабл постигнување.