Нова победа на Хамилтон овој пат на ГН на Германија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон е победник на Големата награда на Германија, 12 трка од овогодинешниот шампионат на Формула 1.

Актуелниот шампион на стазата Хокенхајм ја запиша шестата победа на последните седум трки и воедно 49 во кариерата.

Второто место го завзеде Даниел Рикардо во болидот на Ред Бул, додека трет беше неговиот тимски колега Макс Ферстапен.

Вториот возач на Мерцедес Нико Розберг, кој стартуваше од пол позицијата, како четвртопласиран помина низ целта.

Последната трка пред летната пауза практично е решена во првата кривина, кога Хамилтон после фантастичниот старт го помина Розберг и од тогаш не погледна назад. Британецот водеше од старт до целта и неговиот триумф во ниту еден момент не беше доведен во прашање.

Позади Хамилтон, двоецот од Ред Буел заедно со Розберг водеа борба за преостанатите места на подиумот. Рикардо беше тој кој беше подобар од останатите, поради тоа што повторно ги надмудри сите со својата тактика, а имаше и одлично претекнување над својот тимски колега.

После најдобрата четвртка следеше двоецот на Ферари Себастијан Фетел и Кими Раиконен, пред Нико Хилкенберг во болидот на Форс Индија. Првите десетмина ги комплетираа возачот на Мекларен Џесон Батон, Валтери Ботас во Вилијамс и вториот возач на Форс Индија Серхио Перес.

После четвртата победа на поред, Хамилтон на чело на генералниот пласман има 217 бодови, 19 повеќе од Розберг. Во поредокот на конструктори, Мерцедес е прв со 415, пред Ред Бул со 256.

Овогодишниот шампионат на Формула 1 продолжува со ГН на Белгија на 28 август.