Македонија со тројца претставници на ЗОИ во ПјонгЧанг


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од 9ти до 25ти февруари оваа година во ПјонгЧанг ќе се одржат 23те Зимски Олимписки Игри. На овие игри Македонија ќе биде претставувана од тројца спортисти.

Во Алпско скијање ќе не претставува Антонио Ристевски кој ќе настапува во дисциплините слалом и велеслалом. Ристевски за овој турнир обезбеди А норма.

Ставре Јада ќе не претставува во Крос кантри во дисциплините спринт и 15. км. И Јада исто така освои А норма.

Единствен женски претставник во трочлената натпреварувачка експедиција ќе биде Викторија Тодоровска која ќе настапи во Крос кантри во дисциплината 10 км.

Македонската олимписка делегација заминува за ПјонгЧанг на 7 февруари 2018 година, а свечената презентација ќе се одржи на 5 февруари 2018 година.

Спортистите ќе бидат сместени во две олимписки села и тоа ПјонгЧанг (каде што ќе бидат сместени македонските спортисти) и Гангнеунг.

На 23-те зимски Олимписки игри треба да настапат спортисти од 92 држави односно Национални олимписки комитети и тоа во 7 спортови, 15 спортски дисциплини и во 102 спортска натпреварувања.

Следните зимски олимписки игри ќе се одржат во Пекинг, НР Кина, во 2022 година.