Официјално: Озил го продолжи договорот со Арсенал


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фановите на Арсенал може да здивнат затоа што од клубот штотуку објавија дека нивниот најдобар играч, Месут Озил го продолжил договорот и ќе остане на „Емирати“ во следните три години.

Актуелниот договор на Озил истекуваше по крајот на оваа сезона и имаше многу шпекулации кои го поврзуваа Германецот со трансфер во друг клуб.

„Ова беше една од најважните одлуки во мојата кариера и токму затоа мораше да размислам доста добро и да зборувам со сите кои ми се важни. Добрите работи бараат време. На крајот дозволив моето срце да одлучи. Како што имам кажано од претходно, се чувствувам како дома тука и сум мотивиран за да постигнам големи работи во следните неколку години. Еднаш топчија, секогаш топчија“ – напиша Озил на социјалните медиуми веднаш по потпишувањето на новиот договор.