Деби од соништата за Јаховиќ во Коњаспор (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот интернационалец, Адис Јаховиќ имаше деби од соништата за својот нов клуб, Коњаспор откако погоди во продолжението од натпреварот против гигантот Галатасарај.

Јаховиќ натпреварот го започна на клупата за резервни фудбалери, а во игра влезе во 57. минута на местото на Сахинер. Искусниот напаѓач во 91. минута одлично ја проследи топката во голот на Галатасарај за конечни 2:2.

Јаховиќ пред неколку дена направи трансфер од редовите на Гезтепе, а беше презентиран во Коњаспор заедно со Самиел Ето кој не доби шанса на овој натпревар.