Барселона едвај против Валенсија во Купот на кралот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона ја совладаа Валенсија со 1:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на кралот кој се одигра на „Камп Ноу“.

Каталонците долго се мачеа да го скршат отпорот на Валенсија, но на крајот на реваншот кој се игра за седум дена ќе патуваат со еден гол предност.

Единствениот гол на средбата го постигна Луис Суарез во 67. минута од натпреварот. Меси се прошета во казнениот простор на Валенсија и одлично го проигра Суарез кој со глава го матираше голманот на гостите.

Ова е активен резултат и со сигурност на „Местаља“ ќе гледаме многу возбудлив натпревар кој ќе го одлучи патникот во финалето на „Копа дел Реј“.