Реал Мадрид си го бара својот играч назад


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џејмс Родригез не се снајде баш најдобро во Баерн, а на Реал му оди многу лошо без него. Единствено логично решение е враќање на Колумбиецот во редовите на поранешниот клуб.

Ова е токму желбата на претседателот на Реал Мадрид, кој има намера да го врати Џејмс веднаш после една сезона помината во Баерн, пренесува Daily Express.

Да потсетиме, Родригез минатото лето дресот на Кралевите го замени со германскиот гигант, но во Баерн не игра како што се очекуваше, па би можел да се врати во Реал за само една сезона, иако потпиша 2 годишен договор за заем.

Од доаѓањето во Баерн, тој одигра 14 натпревари во Бундес Лигата и постигна три гола и шест асистенции.

Баерн има опција после две години да го откупи неговиот договор, но како што стојат работите, тешко дека ќе дојде до тоа.