Перез има пеколен план: Целосно реновирање на Реал Мадрид!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанските медиуми блиски до Реал Мадрид пишуваат дека претседателот на клубот, Флорентино Перез, има пеколен план со кој ќе го измени тимот во наредните месеци.

„Дон Балон“ пишува дека на трансфер листата ќе се најдат Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Лука Модриќ, Герет Бејл…

Реал по се изгледа се откажа од оваа сезона. Титулата во Шпанија не може да ја одбранат поради тоа што заостануваат 19 бдоови зад Барселона, а испаднаа од кралскиот куп, па им останува уште борбата во ЛШ.

Затоа наредната сезона Перез на чело со Зидан, во кој има голема доверба, тргнува во целосно реновирање на тимот.

Прв на листата на желби е Еден Азар од Челси. Одамна се поврзува со „кралевите“, а наводно Реал е подготвен во Лондон да го испрати и Кристијано Роналдо.

Втора желба е Хари Кејн од Тотенхем. Неверојатниот стрелец би можел да дојде во размена со играчите на Реал, Лука Модриќ и Герет Бејл.

Наводно, во Реал ги посакуваат и Деле Али и Кристијан Ериксен, но не е познато дали Тотенхем ќе се откаже од нивните услуги.