Кутињо ќе игра каде што ќе каже Меси, инаку може „да се слика“!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона со 1:0 победи во првиот натпревар од полуфиналето во кралскиот куп против Валенсија, а Суарез го постигна победничкиот гол, а Кутињо го започна натпреварот од клупата.

„Кутињо играше во средината затоа што Меси сака да игра десно, па кога ќе се случи тоа, мора да направиме измени. Нашата замисла е Кутињо да игра на страна кога Меси е во средината, но тој може да ги покрие сите позиции.“

Барселона на домашен терен во купот нема изгубено веќе пет години, уште од натпреварот против Реал во 2013 година, а Суарез изјави:

„Валенсија е секогаш опасна. Но на Ноу Камп не ни се заканија, а тоа покажува колку голема почит имаат кон нас. Имавме малку простор, но создававме доволно шанси“