Англичаните се согласија, Реал ќе испишува нова историја?!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ако успее нешто од ова, во лето 2018 ќе се постават нови стандарди. Историјата не учи дека така мора да биде.

Шпанските медиуми пишуваат дека Тотенхем се согласил да преговара и Хари Кејн би  можел да се пресели во Реал за 220 милиони евра. Наводно Леви ќе разговара со Перез, а никој не се сомнева дека ќе се договорат.

Претседателот на Реал не сопира тука, тој ќе сака да го донесе и Де Геа, а ќе понуди размена со Герет Бејл, па ќе видиме што би се случило.

Доколку не се случи ништо со Кејн, тогаш Перез како алтернатива го има Мауро Икарди.

Во неговите планови уште е и голманот на Рома, Алисон, а потоа се споменува и Ордиозол. Би требало да пристигне и нов стопер, а во игра за тоа место се Шкрињар од Интер и Де Лит од Ајакс.

Азар и Нејмар се оценети како тешки мети, но се`уште постои можност да ги донесат во својот состав.

На трансфери би требало да бидат потрошени помеѓу 300 и 400 евра, секако сметајќи ги парите и од продажбите, што значи Перез повторно ќе го сруши рекордот поставен во 2009 година.