Зидан: Ништо не е готово во Примера!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Реал, Зинедин Зидан изјави на конференцијата за медиумите пред денешниот натпревар против Леванте дека не било потребно да се купуваат нови играчи во зимскиот преоден рок.

Реал испадна во кралскиот куп, а во ЛШ остана се`уште во игра додека во Шпанија скоро е изгубена титулата зашто Барселона има дури 19 бодови повеќе.

„Заедно сме, иако е тежок момент. Знам дека играчите се фокусирани кога е тешко. Имам доверба во својот тим, во нив верувам. Сакам тоа да им го покажам, а тие да ми вратат со борба“, вели Зидан.

Нагласи дека не го интересираат приказните за наредната сезона затоа што оваа не е завршена.

„Не ме интересира што ќе биде наредната година. Ме интересира сегашноста. Сакам да го подготвам тимот за наредниот натпревар. Медиумите зборуваат дека Ла Лига е завршена, но јас не верувам во тоа“, додава Французинот.