Петкратниот освојувач на Златната топка е повторно во форма: Подобар е од Икарди, Мбапе и Суарез!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид може да здивне затоа што Кристијано Роналдо се врати во форма, откако стигна до бројката од 20 постигнати голови.

Тоа го сместува на 11 место помеѓу најдобрите стрелци во Европа, пред имиња како што се Икарди, Мбапе или Луис Суарез.

„Роналдо е секогаш тука и секогаш ќе бараме повеќе од него затоа што е главен дел во овој тим. По секој натпревар луѓето велат дека можел да даде многу повеќе, но јас сум задоволен со него“, вели Зидан.

Прв на листата е Хари Кејн со 30 голови додека Меси има три помалку. 27 има постигнато и Кавани, а по еден помалку имаат дадено Салах, Нејмар и Имобиле.