Обамејанг дебитираше со гол: Арсенал му пукна „петарда“ на Евертон! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес се одигра натпреварот од 26 коло помеѓу тимовите на Арсенал и Евертон, а домаќините стигнаа до победа од 5-1.

Натпреварот започна жестоко, откако во 6 минута до водство стигна Арсенал по голот на Рамзи, на кого му асистираше Михтарјан. Осум минути подоцна водството го зголеми Кошчелни со погодок за 2-0. Во 19 минута Рамзи повторно погоди и „топчиите“ веќе имаа одлична предност од 3-0, а тоа не беше се затоа што и Обамејанг погоди за 4-0 во првиот дел.

Вториот дел продолжи во ист ритам од првото полувреме, а мала искра надеж покажа Евертон со голот на Калверт-Левин во 64 минута, но само десет минути подоцна Рамзи го постигна својот хет-трик и конечните 5-1 за домашната екипа.