Кризата се продлабочува во Милано, Интер и Кротоне ремизираа! (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во последниот натпревар кој се играше на програмата во италијанската Серија А, Интер и Кротоне одиграа нерешно, 1-1.

Први до предност стигнаа домаќините, со голот на Едер во 23 минута од првиот дел, а тоа беше се поинтересно во првите 45 минути.

Во вториот дел, гостите го шокираа домаќинот со голот на Барберис во 60 минута, кој го израмни резултатот на 1-1, а тоа воедно беше и конечниот исход на мечот.

Со ова реми се продолжи кризата на Интер, кој сега нема победа во калчолигата од 3 декември, кога успеаа да го победат Киево со 5-0.