Лутиот Роналдо по измената се „скара“ со камерманот! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид минатата вечер ги разочараа навивачите затоа што ремизираа против Леванте со 2-2 во рамки на 22 коло од Ла Лига.

„Кралевите“ одиграа уште еден натпревар за заборав, а една од своите лоши игри одигра и најдобриот играч на клубот, Кристијано Роналдо.

При резултат 1-1 Зидан требаше да ја направи измената, а во игра да влезе Асенсио. Иако Реал во меѓувреме го превзема водството со 2-1, францускот тренер не се откажа од измената и го извади од игра Роналдо, по што тој се скара со еден камерман.