Интер – Од „Скудето“ до исвиркување и отказ на Спалети?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Со Интер е некако се исто, добро започнуваат, апетитите растат, но по нова се како „мува без глава“. Без победа се во 2018 година на осум натпревари, а Спалети не може да промени ништо.

Тој ја превзема одговорноста за ремито против Кротоне, а Интер сега ќе се бори жестоко за четвртто место

Според Спалети тимот нема карактер, како  за времето на Манчини по одличниот старт, а сега се појавија и караници во соблекувалната.

Сега треба да се подели вината, навивачите со навреди ги испратија своите играчи, а клубот ги донесе Лопез и Рафиња, првиот е алтернатива за стоперскиот тандем, а другиот нема играно фудбал скоро една година. Кинезите го стопираа трансферот на Пасторе, но многумина веруваат дека ниту со него Интер немаше да стигне далеку.

Шпекулациите за отказ на Спалети не се реални, прво затоа што не може да му најдат замена, а второ тешко дека некој може да го разбуди тимот, има договор уште една ипол година, но сам ќе замине, како што кажа, ако не биде во топ 4 и ако не се врати во ЛШ.