Реал договори мега трансфер, тој ќе биде најскап фудбалер во историјата на „кралевите“?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хари Кејн од наредната сезона би требало да го предводи нападот на Реал.

Одличниот напаѓач на Тотенхем веќе неколку месеци е желба на европскиот и шпанскиот шампион, а медиумите пишуваат дека клубовите веќе се договориле.

Кејн би требало да стане најскапиот фудбалер во историјата на Реал, кој за него е подготвен да плати 200 милиони евра, 20 помалку отколку што ПСЖ го плати Нејмар.

Реал оваа сезона се прости со титулата во Примера, затоа што зад Барселона во моментов има 18 бодови помалку, но Каталонците имаат натпревар помалку.

„Кралскиот клуб“ во наредното лето би можел да потроши и повеќе од 400 милиони евра затоа што сакаат да ги донесат Еден Азар и Давид Де Геа.