Камерунецот Битанг нов фудбалер на Вардар


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


25 годишниот Кларенс Жуниор Битанг ќе биде нов фудбалер на тимот на Вардар веднаш штом се завршат неопходните медицински прегледи кои ќе се извршат во Скопје по враќањето на експедицијата од подготовките во Анталија.

Битанг денес се приклучи на тимот и се запозна со фудбалерите на Вардар, а имаше и полесен тренинг во вежбалница.

Фудбалерот од средниот ред во кариерата има настапувано за тимови од Камерун, Тајланд и Грција. Кариерата ја започнал во Лес Астрес во Камерун, па потоа играл во Тајланд во екипите на Вуачон Јунајтед, Буринам Јунајтед и Чинат, за потоа да се пресели во Грција каде ги носел дресовите на Панилијакос, Олимпијакос Волос и Агротикос. Последен негов клуб бил Унион Дуала.

Битанг ќе потпише со сигурност со Вардарци, а се уште не е познато дали тоа ќе го стори и Лукман Харуна кој вчера одигра 45 минути против Словачко, а се очекува да добие шанса и на денешниот последен натпревар против Дукла Прага.