Тато Патрик ќе биде горд: Младиот Џастин Клајверт пред трансфер од соништата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Судејќи според досегашните настапи пред младиот Џастин Клајверт е голема кариера.

18 годишниот Џастин, син на легендарниот Патрик Клајверт, е стандарден во првиот тим на Ајакс и оваа сезона на 16 одиграни натпревари има постигнато пет голови на кои додал и две асистенции.

Вниманието кон себе го сврти со прекрасните продори и дриблинзи и одличните центаршути, а за него најмногу се заинтересирал Жозе Мурињо. Според британските медиуми преговорите меѓу претставниците на играчот и Манчестер Јунајтед се во напредна фаза и можно е од следната сезона Џастин да го видиме во дресот на „црвените ѓаволи“.

Договорот на Џастин Клајверт истекува за една и пол година, па во летниот преоден рок Ајакс ќе мора да го пушти за цена помала од вообичаената затоа што ќе му остане само уште една година од неговиот договор.