Јувентус го посрамоти Сасуоло, но победата си го зема данокот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус во 23 коло на својот стадион успеа да го победи Сасуоло со високи 7-0 и повторно да се искачи на врвот.

Од стартот на натпреварот беше јасно дека Сасуоло нема што да бара во Торино. Јувентус поведе во 9 минута со голот на Алекс Сандро, а потоа Кедира со два голови зголеми на 3-0.

Се играше 38минута кога во листата на стрелци се запиша и Пјаниќ, кој погоди за 4-0. А во продолжение на натпреварот, Јувентус постигна уште три голови и тоа преку Игуаин за конечни 7-0.

Но во натпреварот се повреди Матуиди, кој ќе мора да паузира одреден период.