Пике ја спаси Барселона во градското дерби


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона одиграа 1-1 со Еспањол во големото градско дерби во 22 коло од Ла Лига.

Натпреварот беше одигран по тешки услови. Дождот кој паѓаше го намокри теренот и го отежна развојот на играта.

Првиот гол на натпреварот падна во 66 минута, кога Морено погоди за предност на Еспањол од 1-0. Во 82 минута пристигна спасот на Барселона преку голот на Пике, кој израмни на 1-1.