Вардарки го растурија Битигхајм


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Женскиот ракометен тим на Вардар продолжи со победите во најелитното женско ракометно натпреварување откако славеше убедлива победа против Битигхајм со 38:26.

„Црвено црните“ неочекувано имаа проблеми во првиот дел на гостувањето во Германија и на пауза заминаа со само два погодоци предност. Сепак во вториот дел Вардарки го покажаа сиот свој квалитет и славеа со двоцифрена разлика.

Во нашиот табор најпрецизна беше Андреа Пенезиќ која натпреварот го заврши со осум голови, додека Лејно собра 12 интервенции.

Со оваа победа Вардар обезбеди пласман во четвртфиналето од годинешната Лига на шампионите.

Во следното коло Вардар ќе се соочи со тимот на Будуќност.