Алегри ја потврди повредата на Матуиди: Еве колку ќе паузира


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Јувентус, Максимилијано Алегри ја потврди повредата на Матуиди и изјави дека неговиот фудбалер ќе паузира и ќе го пропушти натпреварот против Тотенхем во Лигата на шампионите.

Овој натпревар ќе се одигра на 13. февруари во Италија, додека пак реваншот  е на 7. март.

„Матуиди нема да биде на располагање за натпреварот против Тотенхем. Мислам дека има проблеми со мускулот. Барзаљи, Кедира и Ругани немаат проблеми, тие се спремни“, изјави Алегри.