Де Лаурентис: Не се плашам од Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис тврди дека Јувентус има многу привилегија поради фамилијата Ањели.

„Ние сме единствен клуб во Италија кој нема долгови во баките. Наполи има третина помалку приходи за разлика од Јувентус, но нашата сметка е подобра од нивната“.

„Меѓутоа Јувентус припаѓа на најмоќната фамилија во Италија, а Ањели се на таа позиција повеќе од 100 години. Не се работи за парите, едноставно односите не можат да бидат исти за сите, тоа се гледа постојано“.

„Не мислам дека меѓусебниот натпревар во Торино ќе го одлучи првакот. Има уште многу натпревари, повреди и одлуки, а и VAR е овде. Не го променив мислењето за VAR, тоа е одлична иновација, но треба да се унапреди“.

„Не се плашам од Јувентус, јас не се плашам од никого. Снимав филм во ДР Конго и Нигерија, каде што се работеше за човечки животи. Што може да ме уплаши во фудбалот?“, беа изјавите на претседателот на Наполи.