Ковачиќ нема место во Реал, но затоа Мурињо има планови за него во Манчестер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Матео Ковачиќ не е во плановите на Зидан и нема многу играно откако дојде во 2015 година од Интер.

За заминувањето на 23-годишниот фудбалер се зборува веќе некое време. Се верува дека конечно тоа ќе се случи наредното лето, а Ковачиќ и покрај фактот дека веќе долго време ја грее клупата, би можел да направи уште еден голем трансфер.

Како што пишуваат медиумите, интерес за Хрватот покажува Манчестер Јунајтед. Наводно, Мурињо сака да го види Ковачиќ во неговите редови.

Ковачиќ во кариерата одигра 90 натпревари за Реал, а постигна три голови и седум асистенции.