Игуаин: Хет-трикот е резултат на мојата работа!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус вчера успеа да го декласира тимот на Сасуоло со неверојатни 7-0 во Серија А.

Еден од најзаслужните за победата, иако „старата дама“ имаше лесна задача, беше Игуаин, кој успеа да постигне хет-трик, а по натпреварот даде изјава.

„Порано или подоцна, хет-трикот мораше да дојде. Кога работиш, тогаш се гледа и резултатот. Морав да работам напорно за да се видат резултат. Важно е сега да останеме во форма во наредните неколку месеци“, вели напаѓачот.