Бака сака да остане во Виљареал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Милан кој во моментов настапува за Виљареал, Карлос Бака истакна дека би сакал да остане во Шпанија и неговиот договор за позајмица да биде преиначен во перманентен трансфер.

„Се надевам дека клубовите наскоро ќе постигнат договор па сите ќе бидеме релаксирани и среќни. Сакам да останам поради тоа што сум среќен тука, а и на мојата фамилија и се допаѓа“- коментираше Колумбиецот, а пренесе „Супердепорте“.

Оваа сезона 31 годишниот напаѓач во 26 настапи за Виљареал постигна десет погодоци на кои придодаде и пет асистенции.