Пандев и Џенова со три бода си заминуваат од „Олимпико“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Џенова направија големо изненадување во последната средба од 23. коло од италијанската Серија А откако на гостински терен со 2:1 славеа против тимот на Лацио.

Во првиот дел не гледавме доста допадлив фудбал, а мрежите за жал останаа недопрени. Имаше една спорна ситуација во која нашиот Пандев го навлече гневот на навивачите на кои некогаш беше миленик.  По ваквата ситуација секој допир на топката со Пандев беше испратен со бурни свирежи од трибините на „Олимпико“.

За водство на Џенова се погрижи токму Пандев кој во 55. минута погоди за 1:0 и  доста еуфорично го прослави својот погодок.

Сепак само три минути подоцна Пароло со фантастичен гол го изедначи резултатот на 1:1 по што следеше целосна офанзива на Лацио. Тоа му остави на Џенова доста простор и во 82. минута Лаксалт погоди за голема радост на гостите, но судијата по прегледот на видео технологијата го поништи погодокот поради играње со рака на Уругваецот.

Сепак, шок за Лацио следеше во 92. минута кога истиот играч, овој пат чисто погоди за 2:1 и за голема победа на Џенова во борбата за опстанок во Серија А.