Челси посрамотен на „Викариџ Роуд“ (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Се уште актуелниот шампион на Англија вечерва имаше уште една ноќ за заборав откако на „Викариџ Роуд“ претрпе убедлив пораз од Вотфорд со 4:1.

Од првата до последната минута Челси беше безопасен и безидеен, а да не беше моменталниот блесок на Азар во 82. минута од клубот од Лондон немаше да видиме буквално ништо.

Вотфорд неочекувано од стартот доминираше на теренот и шансите пред Куртоа се редеа како на филмска лента. Големите проблеми за Челси започнаа во 30. минута кога Бакајоко заработи два жолти картони во само пет минути и мораше да излезе од игра.

Само 13 минути подоцна „Сините“ беа во негатива. Беше досуден пенал во корист на Вотфорд, а истиот го искористи Трој Денеј.

Во вториот дел се продолжи по старо, Вотфорд напаѓаше, а Челси се бранеше. И покрај ваквиот развој на настаните Челси стигна до израмнување по одличниот гол на Азар. Но тоа беше се од гостинскиот тим.

Две минути по голот на Азар, Дарил Јанмат постигна погодок по една фантастична акција на Вотфорд. Во 88. минута Делуфеу повлече една контра од средината на теренот, а конечниот резултат го постави Рикардо Переира кој во судиското продолжение го матираше Куртоа.

Со овој пораз уште повеќе се разниша тренерското столче на Антонио Конте кој веројатно ги брои последните денови на клупата на Челси.