Еве зошто Модриќ е меѓу најдобрите во Реал: Сам спречи контранапад, претрчувајќи 70 метри


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лука Модриќ одигра добар натпревар против Леванте, но тоа не беше доволно неговиот тим да забележи победа.

Во 22. коло во Примера, Реал Мадрид повторно киксна, на гости кај Леванте одигра само 2-2.

Модриќ добро ја градеше играта и спреми неколку опасни ситуации пред голот на противникот, но неговите соиграчи не беа расположени.

Во 57. минута тој импресивно ја спаси мрежата на своите момци.

Имено, после корнерот на Реал, момците од Леванте, тргнаа во контранапад, а единствен кој тоа го препозна на време беше токму Модриќ, кој истрча 70 метри и на крај успеа да ја сочува мрежата на „Кралевите“.