ПСЖ не го купи Нејмар за да го продаде, тој останува


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Спортскиот директор на академијата на ПСЖ, Луис Фернандез во интервју за „Кадена Сер“ истакна дека Нејмар нема да го напушти „Паркот на принцовите“ за да направи трансфер во редовите на Реал Мадрид следното лето.

„Нејмар нема да оди во Реал Мадрид. ПСЖ ги купи Нејмар и Мбапе затоа што сакаат да останат во тимот, а не за да заминат по само една сезона“- коментираше Фернандез.

Се погласни се шпекулациите кои го поврзуваат Бразилецот со трансфер во Реал Мадрид, но по најновите најави наводно Нејмар е среќен во Париз и не планира во блиска иднина да го напушти клубот кој во моментов е убедлив лидер во француската Лига 1.