Хејнкес: Не отпишувајте го Реал, тие ќе го поминат ПСЖ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Искусниот тренер на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес ја прокоментира неверојатно лошата сезона на Реал Мадрид.

Хејнкес кој некогаш беше тренер на Реал Мадрид со кој во 1998 година стана првак на Европа, а таа година заврши на четвртото место во Ла Лига и прокоментира дека моменталната форма и ситуацијата не мора да значат дека Реал нема да се искачи трета година по ред на врвот на Европа.

„Тоа што Реал игра нешто послабо во првенството е целосно нормално посебно затоа што во две сезони ја освојуваа ЛШ и шпанското првенство. Исто така имаа три добри играчи, Мората, Пепе и Хамес кои си заминаа, а не донесоа големи трансфери. Сепак, никогаш не го отпишувајте Реал. Тие играат против ПСЖ кој е тежок противник, но Реал има повеќе искуство. Мислам дека ќе ги поминат парижамните“ –коментираше актуелниот стратег на Баерн Минхен.

Првиот натпревар помеѓу Реал и ПСЖ се игра на 14. февруари.