Арсенал купува дефанзивец од Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Агентот на Даниеле Ругани истакна дека од Арсенал се сериозни во намерата да го донесат играчот во летниот преоден рок.

„Топчиите“ посакуваат централен дефанзивец во своите редови, а во последниот ден од преодниот рок им беше одбиена понудата за Џони Еванс од ВБА.

Агентот на Ругани, Давиде Торчиа истакна дека од Арсенал се распрашувале за него. „Даниеле игра добро, јас сум многу среќен за него. Арсенал? Тие не испратија понуда за него но пројавија интерес за него, но ние имаме респект за Јувентус и прво ќе се консултираме со нив за било каква опција“– коментираше Торчиа.