Куртоа: Моето срце е во Мадрид


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Голманот на Челси, Тибо Куртоа ги подгреа шпекулациите кои го поврзуваат со Реал Мадрид изјавувајќи дека неговото срце е во Мадрид.

25 годишниот голман кој има договор со Челси до 2019 година е еден од трансфер целите на актуелниот шпански шампион и првак во Лигата на шампионите, Реал Мадрид.

Во интервју за Спортфут Магазин, Куртоа потврди дека има преговори со Челси за продолжување на соработката, но исто така истакна дека го сака Мадрид и дека еден ден ќе се врати таму.

„Мојот личен живот е поврзан со градот Мадрид. Моите две деца живеат таму со нивната мајка. Имам ќерка со која се слушам секој ден и постојано ми вели дека ми недостига. Мојот син е премногу мал за да комуницираме на тој начин.

Кога и да имам можност одам во Шпанија. Да, моето срце е во Мадрид. Тоа е логично и разбирливо.

Доколку некој од таму ме сака мора да го контактира Челси. Ќе видиме. Но досега никој не го сторил тоа. Она што е сигурно е дека јас ќе се вратам во Мадрид еден ден. Ја сакам Шпанија, го сакам градот, поминав три прекрасни години таму.

Разбирам за шпекулациите кои ги има во денешно време затоа што тие (Реал Мадрид) се во потрага по нов голман. Но јас не обрнувам многу внимание на тоа и сум фокусиран само на Челси“- коментираше Куртоа.

По ваквите изјави од Реал Мадрид сигурно повеќе ќе притиснат за да го обезбедат потписот на некогашниот голман на Атлетико Мадрид.