Даноски нов играч на Победа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Крилниот фудбалер со богато интернационално искуство, Зоран Дановски се врати во Македонија и потпиша договор со тимот на прилепска Победа.

Со ангажманот на 27-годишниот Даноски тренерот на Победа Бубања добива квалитетен офанзивец и силен адут во напаѓачката формација на црвено-белите од која напролет се очекува далеку поголема ефикасност за разлика од есенската полусезона.

Даноски во есенската полусезона настапуваше за Прибрам во чешката Втора лига, каде на 15 натпревари постигна четири гола. Во кариерата настапувал за Кожуф, од каде прави трансфер во чешки Мост, па во Прибрам, а како позајмен од овој чешки клуб настапуваше за скопски Металург, Тиквеш Кавадарци, Победа и хрватски Интер Запрешиќ.

Даноски е шестото засилување на Победа за пролетниот дел во првенството. Прилепчани досега ги ангажираа: голманот Дарко Тофилоски, Иван Ивановиќ, Аљтин Лога, Никола Јаќимовиќ и младиот Благоја Спиркоски, а голема придобивка е останувањето во клубот на еден од најдобрите фудбалери Филип Најдовски.