Каратистите на Макпетрол отпатуваа на турнир во Шпанија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонските карате репрезентативци кои се најдобро рангирани на Светската ранг листа во карате заминаа за Шпанија каде ќе учествуваат на турнирот од Првата Премиер Карате Лига од А серијата.

На турнирот во Гвадалахара ќе учествуваат над 1300 спортисти од 82 држави што го прави истиот еден од најсилните. Натпреварувањето ќе биде само за сениори кои ќе се натпреваруваат во дисциплините кати и борби во поединечна конкуренција.

Секој остварен пласман до деветтото место и евентуално освоен медал, ќе значи и подобрување на рејтинг листата на нашите спортисти.

За Гвадалахара отпатуваа следните спортисти:

  1. Сара Радичевска -50 кг
  2. Симона Заборска -55 кг,
  3. Наташа Стефановска -61 кг
  4. Моника Стефановска -68 кг
  5. Петар Заборски -75 кг