Се подготвува голема размена на релација Реал Мадрид- Челси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пишуваат медиумите во Англија, за следното лето се подготвува размена на играчи помеѓу Реал Мадрид и Челси.

Познато е дека „Кралевите“ се заинтересирани за услугите на најдобриот играч на Челси, Еден Азар и нема да штедат пари за да го донесат во своите редови.

Сепак, „Сините“ не планираат лесно да се откажат од својот играч и за возврат ќе бараат најмалку еден играч плус пари за да се согласат да го пуштат Белгиецот на „Бернабе“.

Медиумите пишуваат дека Челси е заинтересиран за Марко Асенсио кој има неверојатна откупна клаузула од 500 милиони евра која секако нема да биде земена во предвид доколку Челси се согласи да го пушти Азар во спротивен правец.