Два клуба плус Италија заинтересирани за Конте


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Газета дело спорт“ пренесува информација која го поврзува актуелниот тренер на Челси, Антонио Конте со менаџерската позиција во Италија, но и со тренерско место во еден од миланските гиганти.

Италијанецот е под голем притисок оваа сезона откако неговиот тим игра далеку под очекувањата. Чашата ја прели и високиот пораз од Вотфорд од 4:1 кој дополнително го разниша тренерското столче на Конте.

Наводно за него интерес има од Милан кој во моментов е предводен од Џенаро Гатузо, нивниот градски ривал Интер кој започна одлично оваа сезона, но веќе десет натпревари не знае за победа, а името на Конте се поврзува и со селекторското место во репрезентацијата на Италија кое е испразнето по заминувањето на Џанпјеро Вентура.

Јасно е дека Луиџи Ди Бјаџо нема да остане долго предводник на Азурите, па оттаму се погласни се шпекулациите дека Конте би се вратил во репрезентацијата на Италија.