Ковачиќ се враќа во Италија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пишува „Кориере дело Спорт“ од редовите на Рома се сериозно заинтересирани во своите редови да го донесат Матео Ковачиќ од Реал Мадрид.

Поранешниот играч на Интер воопшто не се снајде по неговиот трансфер на „Бернабе“ и многу е веројатно дека следното лето ќе ги напушти „Кралевите“.

Спортскиот директор на Рома, Мончи се надева дека ќе го обезбеди потписот на играчот од средниот ред за кого интерес постои и од неговиот поранешен клуб Интер, но и од страна на англиски Тотенхем.