Интернационалецот Лукас Силва ново име во Победа

0

Прилепска Победа го обезбеди потписот на 22 годишниот офанзивен бразилски интернационалец, Лукас Силва Сантош Жуниор.

Жуниор синоќа пристигна во Прилеп, а утрово го одработи и првиот тренинг со Победа со која потпиша договор иако беше пред трансфер во редовите на Раднички Ниш. Бразилецот ги помина подготовките со српскиот клуб во Анталија, но не најде заеднички јазик со управата на овој клуб и на крај се реши да ја прифати понудата на Победа.

Од клубот од Прилеп се надеваат дека Лукас Силва ќе прикажува партии како неговите сонародници кои го носеле дресот на Победа во минатото.

Во досегашната кариера 22 годишниот фудбалер настапувал за Арсенал и Униао Лусензе.

Share.