Махрез се врати на тренинзите на Лестер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Алжирскиот интернационалец од редовите на Лестер ,Ријад Марез утрово се врати на тренинзите на својот клуб.

Махрез одбиваше да тренира со клубот по неуспешниот трансфер во Манчестер Сити во последниот ден од преодниот рок. Алжирецот веќе осум дена беше далеку од тренинг центарот на клубот и веќе пропушти неколку натпревари.

Менаџерот на „Лисиците“ Клод Пуел истакна дека нема да смета на Махрез за средбата со Манчестер Сити, но сега откако веројатно се решија проблемите, крилниот напаѓач ќе биде во конкуренција за тимот за следните натпревари.