Санчез само што стигна, а сруши голем рекорд на Јунајтед!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед оваа зима на финансиски план одработи одлично. Тие објавија дека нивното најново засилување Алексис Санчез срушил рекорд по број на продадени дресови.

Чилеанецот пристигна од Арсенал овој јануари и продаде дури три пати повеќе дресови претходниот рекорд на клубот од Манчестер.

Освен тоа профитабилно достигнување, 29-годишниот играч, според зборовите на Вудвард предизвикал и голем интерес на друштвените мрежи.

„Овој трансфер беше најголема објава на Јунајтед на Инстаграм со повеќе од два милиони коментари. Исто така, статусот на фејсбук беше споделен најмногу пати во историјата на клубот, а имаше и најмногу ре-твитови“, вели тој.