Нови договори за ТВ правата ја менуваат Серија А: Знаете ли колку пари ќе добие Јувентус?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Прашината која се крена во Италија за новиот договор за ТВ правата во Серија А, сеуште не се спушта. За милијарда и 50 милиони евра, правата за наредните три сезони ги откупи каталонскиот гигант „Медијапро“. Тоа предизвика жестоки реакции на Апенините.

Останува уште органите за заштита на конкуренцијата во наредните 40 денови да го одобрат овој договор помеѓу споменатиот медиум и Серија А.

Новиот договор ќе ја промени и распределбата на парите помеѓу клубовите.  Парите од новиот договор ќе се делат на две групи. Во првата се шест најголеми клубови, кои добиваат различни изности. На нив им припаѓа 49,36% од 924,000,000 евра колку што Серија А ќе им подели на клубовите.

Според новиот договор Јувентус ќе добие 16 милиони евра помалку од претходниот договор, додека најдобро помина Лацио, кој ќе добие 17,5 милиони евра повеќе од претходно.