Станковски: Очекувам многу подобро издание против Ренова

0

Тимот на Работнички во среда со почеток од 14 часот ќе биде домаќин на екипата на Ренова во воведното коло од вториот дел од сезоната во ПМФЛ.

Тренерот на „Романтичарите“ очекува тимот да се претстави во многу подобро издание отколку во последниот натпревар против Беласица кој заврши без голови.

„Се ближи почетокот на пролетниот дел од првенството, остануваат уште неколку тренинзи на кои ќе финишираме со коригирање на некои грешки кои се појавија на последниот пријателски натпревар со Беласица. Искрено, очекувам многу подобро издание на пролетната премиера од играта што ја прикажавме на ‘генералката’ против Беласица. Им го кажав тоа и на фудбалерите и очекувам вистинска реакција на дуелот против Ренова. По зимските подготовки, тоа всушност и ќе биде првата вистинска проверка на можностите, затоа што бодовите се навистина важни“, вели тренерот Горан Станковски.

Share.