Го сакаат сите европски гиганти, а тој сака да игра во Манчестер јунајтед!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Борусија Дортмунд испрати јасна порака до сите потенцијални купувачи. Кристијан Пулишиќ не е на продажба за сума помала од 100 милиони евра.

Со оглед на игрите на 19-годишниот играч и цената на пазарот во последната година, не чуди што германскиот клуб бара неверојатна цифра за својот фудбалер.

Но тоа што го кажа тој, ја изненади јавноста. Пулишиќ призна дека голема желба му е да игра во ПЛ, односно во Манчестер јунајтед.

„Да, вистина е, од мал сум навивач на Јунајтед. Среќен сум кога ќе слушнам дека тие се заинтересирани за мене, но секако, сега сум фокусиран само на Борусија“, изјави Пулишиќ.