Мората ги налути навивачите на Челси: Призна дека сака да се врати во Реал!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Алваро Мората минатото лето стигна во Челси од Реал Мадрид за околу 66 милиони евра, но навивачите на Челси не се сигурни дека со него добија големо засилување, а неговата последна изјава и навестувањата дека ќе се врати во Реал, сигурно нема да им се допаднат.

Поранешниот играч на Реал и Јувентус веќе неколку пати кажа дека не е премногу среќен во Лондон.

На прашањето кое му го поставија новинарите, доколку го повикаат од Мадрид, тој одговори:

„Морам да го почитувам Челси, кој се обиде да ме донесе и среќен сум тука. Но Мадрид си е Мадрид“, вели тој.