Чичарито: Евра ќе биде многу значаен за Вест Хем


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хавиер Хернандез Чичарито смета дека неговиот поранешен соиграч од Манчестер Јунајтед, Патрис Евра ќе има клучна улога во тимот на Вест Хем овие шест месеци.

„Одлично е што потпиша за Вест Хем. Бевме многу блиски во Манчестер и среќен сум затоа што ќе биде многу важна личност во соблекувалната и на теренот. Може да го видите тоа по начинот на кој му пристапува на фудбалот“ –коментираше Чичарито за „Скај Спортс“.

Патрис Евра пред неколку дена стави потпис на шестмесечен договор со „чеканите“ откако три месеци беше без клуб по отказот кој го доби од Марсеј поради удирање на навивач на клубот.