Вертонген: Го одбив Арсенал и не жалам за тоа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот на Тотенхем, Јан Вертонген признава дека во 2012 година бил блиску до трансфер во Арсенал, но верува дека направил вистински потег што ја одбил нивната понуда и што се преселил во редовите на Тотенхем.

„Бев многу блиску до договор. Мојот агент замина во Арсенал, јас не бев таму но се водеа преговори, но јас на крајот одлучив и одлуката беше Тотенхем. Го одбрав Тотенхем и мислам дека испадна добро. Почувствував дека се приклучив на голем тим, со огромни планови а и личните контакти кои ги имав со луѓето тука беа одлични“-коментираше Вертонген.

Денес со почеток во 13:30 часот е дербито на Северен Лондон во кој ќе се сретнат Тотенхем и Арсенал.