Навивачите може да бидат радосни: Милан го „потопи“ СПАЛ со 4-0!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Милан победија на гостувањето кај СПАЛ со 4-0  во 24 коло од Серија А.

Милан на гостувањето дојде до лесна победа, иако навивачите на клубот беа загрижени поради резултатите во досегашниот дел од сезоната.

Сепак, избраниците на Гатузо се сега во добра низа, па во последните пет натпревари имаат дури четири победи и со 38 бодови се на седма позиција.

Кутроне во втората минута погоди за водство, а во 65 минута зголеми на 2-0. Биља стрелаше за 3-0 и конечните 4-0 ги постави Борини.