Сити беше убедлив, Агуеро постигна четири голови!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Сити продолжи со походот кон титулата, па во 27 коло во ПЛ стигна до 23 победа.

На „Итихад“ го победи Лестер со убедливи 5-1, а блескаше тандемот Агуеро – Де Брајне.

Аргентинецот постигна дури четири голови, а Белгиецот беше три пати асистент.

„Граѓаните“ во водство стигнаа преку Стерлинг во третата минута, а потоа Варди израмни во 24 минута.

Сепак, во вториот дел на сцена стапи Агуеро со своите четири голови и го постави конечниот резултат.